Вовед
Кога компаниите сакаат нешто да направат, тие сакаат тоа да се направи правилно. Затоа Балканска Интернационална Сервисна Агенција (БАЛКАНИСА) се фокусира на разбирање на потребите на своите клиенти, како и можностите на оние кои ние ги представуваме. Работејќи така, ние сме во можност да ги споиме квалификуваната работна сила со компаниите кои имаат потреба од истите и да ги задоволиме нивните точни потреби за работна сила, и притоа, да ги сочуваме и работниците и компаниите, од непотребно “скитање” во процесот на вработувањето – ако Вам ви треба квалификувана работна сила, Балканска Интернационална Сервисна Агенција (БАЛКАНИСА) е Вашето Професионално решение.
Ние сме една од многуте компании на пазарот, едно глобално претпријатие кое пружа иновативни решенија за разновидни технологии и професионални услуги за потребите на владите и индустриите во комерцијалниот свет. Иако сме доста успешен понудувач на критичната подршка на воените и цивилните индустрии на власта, како и на компаниите (меѓународни корпорации, прекуморски бизниси и сл.), исто така сме и важен комерцијален партнер во развојот на инфраструктурата, безбедноста, администрацијата, градежништвото и логистиката.
